Биткоинот на крилата на Трамп руши рекорди - прв пат над 120.000 долари
Биткоинот денеска (14 јули 2025) постигна нов историски рекорд, откако првпат во историјата ја надмина вредноста од 120.000 американски долари, објавуваат светските финансиски портали.
Според податоците, највисоката достигната цена изнесуваше 122.571,19 долари, по што криптовалутата се стабилизираше на околу 121.950 долари.
Овој скок доаѓа во време на зголемен интерес од институционални инвеститори и позитивни сигнали од американските власти. Неделава во САД започна т.н. „Crypto Week“, при што Конгресот разгледува неколку законски предлози за регулирање на крипто-пазарот, вклучително и стабилкоините.
Дополнителен поттик за растот е политичката поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп, кој се претставува како „крипто-претседател“ и отворено ги поддржува криптовалутите.
Голем дел од растот е поттикнат и од ETF-фондови, особено оние на гиганти како BlackRock, кој поседува над 700.000 биткоини, што значително влијае на пазарната побарувачка.
Целокупната пазарна капитализација на крипто-активите сега се проценува на над 3,8 трилиони долари, а аналитичарите предвидуваат дека, доколку трендот продолжи, биткоинот наскоро би можел да ја пробие и границата од 130.000 долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа