Од полноќ нови цени на горивата - бензинот и дизелот најблиску со цените во последните година дена
Регулаторната комисија за енергетика денеска околу пладне ќе ги објави новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати. Тоа ќе биде трета корекција од почетокот на јули. Минатиот понеделник Регулаторот донесе одлука за половина денар да го поскапи дизелот додека бензинот поевтини за 1,5 денари по литар со што во моментов е само 4 денари поскап од дизелот, најблиска цена на двете горива во последните 12 месеци.
Литар бензин во моментов чини 74 денари додека дизелот е 70 денари за литар.
14.07.2025 - 10:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа