СДСМ: Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни со повратот на ДДВ

Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни со повратот на ДДВ кон фирмите и граѓаните. Наместо да ја заврши работата на институциите, Мицкоски им порача на фирмите кои чекаат со месеци да му се јават нему лично, велат од СДСМ.
„Ова е уште една потврда дека државата е претворена во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде наместо институционални решенија, на граѓаните и компаниите им се нуди партиски телефон на премиерот.
Срамно е премиер на една држава да им порача на граѓаните и фирмите кои со месеци чекаат свои пари дека „ако имаат проблем, нека му се јават“. Ова не е приватна фирма на Мицкоски, туку држава со закони и институции, кои денес се ставени во служба на неговата пропаганда, а не на народот.
Додека фирмите чекаат пари за да исплатат плати и да опстанат, Мицкоски шета по автопати и дели изјави дека „немало проблем“.
Најмалку што може да направи е да ги забрза исплатите и да им се извини на сите на кои државата им должи.
Граѓаните и фирмите не му должат ништо на Мицкоски за да му се јавуваат – тој им должи“, стои во соопштението од СДСМ.
14.07.2025 - 16:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа