Пријава за кавадаречки крадец: Извршил шест тешки кражби и два обиди, штета од 248.000 денари

 


ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против 37 годишиот  М.Н. од Кавадарци  поради постоење основи за сомнение за сторени шест кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, две кривични дела „тешка кражба во обид” по член 236 став во врска со член19  од Кривичниот законик, информира попладнево од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаовска.

Имено, М.Н. во периодот од 12 април до 26 мај годинава  со употреба на подесен алат, од фризерски салони, трафика и кафемат во Кавадарци одзел пари и цигари и на тој начин предизвикал материјална  штета од околу 248 илјади денари. 

14.07.2025 - 16:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега