Стојчев: Задоволен сум од новите откупни цени за Вранец и Смедеревка, нема да бидам во загуба
„Ние земјоделците сме задоволни со откупната цена на винското грозје. Оваа година ќе имаме поголем принос за разлика од минатата”, истакна младиот земјоделец Стефан Стојчев од Кавадарци за објавените откупни цени на винското грозје за Вранец – 21,3 денари/кг и Смедеревка – 18,9 денари/кг.
Тој при својата изјава посочи дека се покриваат трошоците со оваа откупна цена и остануваат дополнителни средства како приход.
Младиот земјоделец одгледува трпезно и винско грозје.
„Оваа година е прилично добра, бериќетна. Вода за наводнување на лозјата имаше, со што се зголеми приносот”, додаде Стојчев.
Согласно кажувањата на лозаропроизводителите, оваа година очекуваат зголемен принос од над 100 милиони килограми винско грозје, бидејќи годинава имаше вода за наводнување на лозјата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа