Превртена приколка од камион го блокира патот Истибања – Македонска Каменица
На патниот правец Истибања - Македонска Каменица, во близината на ресторанот „Саваро“, попладнево околу 18 часот, се преврте приколка од камион. Сообраќајот е во прекин, се чека дигалка со која превртената и искршена приколка ќе се отстрани од патот.
Од СВР Штип го потврдија настанот и информираа дека на местото на несреќата е испратена увидна екипа, која треба да ги утврди околностите под кои дошло до превртувањето на приколката.
До завршувањето на увидот, возилата се пренасочуваат кон алтернативни патни правци.
14.07.2025 - 21:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа