Делови од Скопје денеска ќе останат без струја - проверете дали сте на списокот
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, дел од корисниците од ул. „516“ во населба Керамидница во Општина Гази Баба денеска од 7 до 12 часот ќе немаат електрична енергија.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија АД, од 9 до 10:30 часот без струја ќе останат и корисниците од дел од населба Долно Нерези во Општина Карпош, а од 9 до 14.30 часот - корисниците од дел од ул. „Славка Динкова“ во населба Драчево во Општина Кисела Вода.
Според најавата од РЦУК, од 9:30 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од дел од ул. „Мијачка“ во населба Дексион во Општина Ѓорче Петров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа