Сомнителни убиства и самоубиства кои СДСМ никогаш не ги расчисти
Сомнителни убиства и самоубиства кои СДСМ никогаш не ги расчисти ја брануваа и ја брануваат јавноста долго време.
Нерасчистена смрт на новинар во време на СДСМ
Во јавноста остана трага и револт од нерасчистениот настан во 1993 година со загадочното самобесење на новинарот на Радио Скопје и Глас на ВМРО, Љупчо Атанасовски, коешто се поврзува со неговото жестоко критикување и разобличување на посткомунистичките велможи ситуирани тогаш во новото македонско политичко милје.
Сомнителна смрт на полицајци кои зборувале за шверцот на СДСМ
Некаде 1994 г. пред Прилеп се случи сообраќајна несреќа во којашто со сето семејство загина службеник на МВР, за кој постоеја сомневања дека анонимно доставува информации до тогашните опозициски медиуми.
Во Кочани, пак, полицискиот инспектор Спасе Атанасов “се самозастрела” откако јавно проговорил дека ембаргото кон СРЈ со крши со амин од политичари во власта.
СДСМ не го расчисти убиството на бремената Албанка во 2003 година
Во 2003-та во неуспешна акција за апсење на Саид Рушити полицијата уби 26-годишна бремена Албанка. МВР истиот ден соопшти дека започнува пресметката со криминалните банди.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа