Мицкоски: Очекуваме договор со САД до крајот на месецот – ќе значи повеќе за економијата и граѓаните

 

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Македонија е во напредна фаза на преговори со Соединетите Американски Држави и изрази оптимизам дека ќе се постигне договор до крајот на месецот, кој ќе има значајно економско влијание.

„Сме во процес на преговори со САД, и сум оптимист дека тие се движат во правилна насока. Очекувам веќе оваа недела развој на настаните во позитивен правец, а фокусирани сме тоа да резултира со договор до крајот на месецот, кој ќе значи повеќе за македонската економија и повеќе за македонските граѓани,“ изјави премиерот.

Тој додаде дека е можно евентуалната неусогласеност меѓу САД и Европската Унија во однос на тарифите да има одредено влијание и врз Македонија, но увери дека Владата има план за одржување на стабилноста.

„Со јасна и концизна политика, ќе успееме да го зачуваме макроекономскиот баланс. Граѓаните нема да го почувствуваат тој притисок. Да бидам попрецизен – сигурен сум“, нагласи Мицкоски.

14.07.2025 - 11:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега