Возач летал со 114 км/ч во населено место - полицијата го приведе

 


Вчера во 18.05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, полициски службеници од ОВР Кичево, го лишија од слобода Ќ.Т.(44) од гостиварското село Боговиње.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој во населено место управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 114 километри на час, каде со сообраќаен знак е дозволено 50 километри на час.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување моторно возило“.  

14.07.2025 - 12:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега