Трагедија во Србија: По 8 часа борба не успеаја да го спасат - работник загина затрупан во каменолом
Во тешка несреќа што се случи во v;era во каменолом во близина на планината Гоч во Србија, животот го загуби 53-годишен работник. Несреќата се случила кога врз него се срушила поголема количина камен и земја, при што бил целосно затрупан.
Спасувачките екипи од Крагуевац, заедно со специјализиран тим за урнатини, интервенирале на терен и по речиси осум часа успеале да го извлечат телото на загинатиот. За жал, медицинските служби само можеле да ја констатираат смртта.
Инцидентот се случил во приватен каменолом лоциран во селото Каменица, под планината Гоч. Засега не се познати деталите за причините на несреќата, а надлежните органи спроведуваат истрага за утврдување на евентуална одговорност.
Ова е уште еден потсетник за потребата од засилени безбедносни мерки и контроли на работните места со висок ризик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа