Мицкоски: Преговорите со коалициските партнери се движат во одлична насока
Преговорите со коалициските партнери се во тек и се движат во одлична насока, изјави премиерот Христијан Мицкоски по денешниот настан во Царинската управа, одговорајќи на новинарско прашање до каде се преговорите со ЗНАМ и можноста за заеднички кандидати во некои општини на претстојните локални избори.
- Преговорите со политичките партии се во тек. Сите политички партии кои се дел од нашата внатрешна коалиција се приоритет и тие се во тек, се разговара. Очекувам коалицијата да биде потврдена, а потоа ќе продолжат преговорите со владините партнери. Во овој момент мислам дека се движат во одлична насока, рече Мицкоски.
Прашан дали се водат преговори за заеднички кандидати во Центар и Куманово, тој одговори дека кога ќе има повеќе детали ќе излезат во јавноста со информација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа