Гори во Дојран, Чучер Сандево, Велес, Македонски Брод и Прилеп
Центарот за управување со кризи информира за состојбата со пожарите низ Македонија.
Како што велат, има 5 активни пожари, додека пак изгаснати се 19.
Активни пожари (5):
- Општина Дојран: с. Николич (нискостеблеста шума)
- Општина Чучер Сандево: с. Горњани (нискостеблеста шума)
- Општина Велес: кај с. Џидимирци и Крушје (мешана шума)
- Општина Македонски Брод: помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа и с. Слатина (дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
- Општина Прилеп: н. Три Багреми (ниска вегетација)
Изгаснати пожари (19):
- Гази Баба: гробишта Камник (ниска вегетација)
- Гази Баба: ул. Душан Тавковиќ (нискостеблеста шума и ниска вегетација)
- Прилеп: покрај патот хотел „Салида“ – Битола (ниска вегетација)
- Прилеп: с. Лажани – с. Ропотово (ниска вегетација)
- Ресен: с. Перово (трска)
- Охрид: с. Оровник (ниска вегетација и ѓубре)
- Охрид: н. Далјан (ниска вегетација и ѓубре)
- Виница: с. Ласки (нива и ниска вегетација)
- Куманово: круг на ФЗЦ (ниска вегетација)
- Куманово: м.в. Пармакови ниви (ниска вегетација и депонија)
- Куманово: с. Умин Дол (ниска вегетација и стрниште)
- Старо Нагоричане: с. Пелинце – Мишинци (ниска вегетација и деградирана шума)
- Крива Паланка: с. Градец – Ѓошинска маала (ниска вегетација и дрва)
- Ранковце: с. Милутинци (отпад)
- Старо Нагоричане: с. Милутинци (депонија)
- Тетово: Поправен дом (ниска вегетација)
- Гостивар: близина на стадионот (ниска вегетација)
- Гостивар: с. Чегране (пченица)
- Шуто Оризари: ул. Индира Ганди (отпад)
14.07.2025 - 10:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа