ВИДЕО: Инцидент на фудбалски натпревар во Штип - две деца се во болница

 

Тежок инцидент се случил денеска во Штип по натпреварот на младинските екипи (генерација 2009-2010) на Брегалница и Шкупи од Чаир.

Како што јавуваат штипските медиуми до инцидентот дошло кога родители на децата од гостинскиот клуб влегле во теренот и почнале да ги тепаат играчите на Брегалница.

Локалните медиуми јавуваат дека две деца се тешко повредени, од кои едното има скрешна нога, а другото повреди на главата.

24.08.2025 - 14:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега