(ФОТО) Во здраво тело, здрав дух: Ѓорѓиевски и Тошковски на утринско пешачење во градки парк

 

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кисела Вода и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски утрово прошетаа во Градски парк. Информацијата на ФБ ја објави Ѓорѓиевски, а во постот наведе: 

„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија.

Така беше и ова утро, во придружба на министерот Панче Тошковски.
Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила.
Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост!“.

24.08.2025 - 10:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега