Струмичанец обљубил сограѓанка - полицијата го приведе

 


Вчера во 20:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.А.(39) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз 32-годишна жителка на Струмица.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот против Б.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

09.09.2025 - 14:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега