Среде ноќ изгоре влезна врата на стан во Аеродром

 


Денеска (09.09.2025) во 03:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје настанал пожар на влезна врата од стан во зграда, сопственост на З.Т.(57) од Скопје. Во пожарот била опожарена само влезната врата, а повредени лица нема, соопштија од МВР во дневниот билтен.


 

 Полициски службеници од Полициска станица Аеродром излегле на местото и се работи на расчистување на случајот.  

09.09.2025 - 15:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега