Уапсен монструм: Им плаќал на други да злоупотребуваат деца, тој го гледал тоа преку интернет
Француската полиција уапси 30-годишен маж од Бордо осомничен дека платил за сексуално насилство врз деца кое потоа ќе го гледал во живо преку интернет, објавија денес француските медиуми.
Според канцеларијата на парискиот обвинител, тој нарачал силување деца, особено на Мадагаскар и Колумбија, за што платил над 10.000 евра, објави „Ле Фигаро“.
Сексуалното насилство врз деца за кое е обвинет се случило помеѓу јануари 2022 и 2025 година.
Според канцеларијата на обвинителството, осомничениот работел за градската администрација во Бордо, а поради природата на неговата професија, немал контакт со деца.
Истрагата е покрената по дојава од Одделот за специјални истраги за криминал во департманот Жиронда, по што канцеларијата на парискиот обвинител го препратила случајот до Канцеларијата за борба против криминал против малолетници (OFMIN).
По претресот на неговиот дом и работното место, како и анализата на неговиот компјутер, биле утврдени сите околности и факти што го инкриминираат осомничениот.
Тој е осомничен и за кривични дела што ги извршил во Бордо, кои се однесуваат на соучество во трговија со лица под 15 години кои станале жртви на силување и сексуален напад, како и поседување детска порнографија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа