Силни експлозии во Катар, Израел нападна, цел е раководството на Хамас
Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека извршиле напад во главниот град на Катар, Доха, со цел да го елиминираат високото раководство на Хамас.
Според израелски извор, неколку експлозии биле слушнати во градот, а сведоци виделе чад над еден од окрузите. Според првичните информации на „Ал Арабија“, главниот преговарач на Хамас, Калил ал-Хаја, е убиен во нападот.
ИДФ соопшти дека членовите на раководството на Хамас се директно одговорни за нападот од 7 октомври и за војната против Израел. Пред нападот, биле преземени мерки за да се избегнат цивилни жртви, вклучувајќи употреба на прецизно оружје.
Израелската војска најави дека ќе продолжи одлучно да дејствува за да ја порази терористичката организација Хамас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа