Перински: Законот за локална самоуправа е усвоен, се очекува брзо валидизирање од страна на Собранието

 


Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во денешното гостување во „Студио 10“ на ТВ24 информираше дека Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа во петокот едногласно бил усвоен од комисијата за локална самоуправа и законодавно правната комисија. Перински, како што истакна, очекува до крајот на мај предлог законот да го помине и второто читање и до средината на јуни да биде валидизиран од страна на Собранието. Без двоумење, вели, дека очекува Предлог законот да биде поддржан од сите.


„Сите овие предлог измени на овој системски закон се во насока на зголемување на транспарентноста, на отчетноста на оние коишто ја водат Општината и демократските процеси ги подигнуваме на повисоко ниво, согласно препораките на Венецијанската комисија“, истакна министерот, кој посочи дека откако пред осум месеци, започнал реформскиот процес, предлог измените бие поздравени од сите чинители и институции.

Перински посочи дека можноста за отповикување на градоначалник преку референдум, била главната иницијација за отворање на законот. Информираше дека се предлага намалување на прагот за покренување на граѓанска иницијатива од 10 на 5 отсто, а во насока на зајакнување на транспарентноста, покрај тоа што седниците на Советот на Општината се јавни, се дополнува законот и со обврска информациите за седниците и работата на Советот на Општината, како и записниците од јавните седници на Советот, Општината да ги објавува на својата веб-страницата.

12.05.2025 - 12:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега