Петрушевски: Предложениот закон за Кочани од СДСМ е гол популизам и политичко глодарство
Во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, тој истакна дека предложениот закон за Кочани од страна на СДСМ е гол популизам и политичко глодарство бидејќи Владата најпрвин преку СОЗР обезбеди 30 милиони денари за лекување, транспорт, а потоа со одлука на Влада се доделија еднократни парични средства за семејствата на починатите.
„Владата најпривн преку СОЗР обезбеди 30 милиони денари за лекување, транспорт и престој на две лица иако во законот е наведено за едно лице од семејството за лекување во странство комплетно е финансирано од Владата и ова во законот е неприменливо затоа што веќе е спроведено од страна на Владата. Со одлука на Владата се доделија овие средства, со одлука на Влада се доделија еднократни средства исто така семејствата на починатите иако финансискиот момент им е непријатно што го зборувам ова вака меѓутоа се исплатени во неколку транши 700 илјади денари на семејствата на починатите, по 700 илјади денари на секој и на наменска сметка во Црвен крст се собрани 130 милиони денари затоа што Владата има таква можност и сите оние компании, фирми, работодавачи што дојдоа во Владата и сакаа да финансираат беа насочени таму и затоа се собра толкав голем број на средства“, истакна Петрушевски.
Петрушевски истакна дека Кочани ќе добие многу повеќе финансии од страна на Владата.
„Она коешто ќе го направиме во изминатиот период делот за финансирање на единиците на локална самоуправа, Кочани ќе добие многу повеќе, дупло повеќе средства за разлика од она коешто беше претходно планирано и нормално веќе се преговара и се потврдени странски инвестиции кои ќе донесат нови работни места за да направиме се што значи економски социјален препород на Кочани“, посочи Петрушевски.
Петрушевски е дециден дека овој закон кој го предложи СДСМ е гол популизам, политичко глодарство и ништо повеќе од тоа.
„Ние на барање на СДСМ и претседателот на СДСМ овозможивме работни групи за кои треба да седнат и да разговараат и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ за ова законско решение никогаш никој не побара дебата, туку веќе беше поднесено од страна на СДСМ. Јас како пратеник сум платен од граѓаните и сум должен да го изанализирам ова законско решение, да видам дали е применливо, дали е уставно и да видам дали може да биде спроведено. Доколку ги исполнуваше тие критериуми, со задоволство ќе гласав за ова законско решение. Меѓутоа со оглед на тоа што ова законско решение скоро во секој член има спорни моменти и е неспроведливо и неуставно јас сум должен тоа јавно да го изнесам тука и на собраниската говорница, и да седнеме и да разговараме за системски решенија кои ќе значат помош на сите граѓани кои се жртви било какви од несреќи, непогоди итн., да разговараме за подобрување на постојните законски решенија“, вели Петрушевски.
Петрушевски го запраша Бочварски зошто во 2021 година кога бил министер за транспорт и врски не иницирал поднесување на еден ваков закон?
„Во септември 2021 година кога се случи пожарот во модуларната болница во Тетово вие бевте министер за транспорт и врски во владата исто така и во ноември 2021 година кога се случи несреќата автобуска во Република Бугарија исто така бевте министер за транспорт и врски тогаш погинаа 45 луѓе, во пожарот во модуларната болница во Тетово изгореа 14 луѓе, додека во автобуската несреќа кај Ласкарци загинаа 13 луѓе. Зошто тогаш како министер не инициравте поднесување на еден закон со коишто ќе им помогнете на сите овие граѓани, туку сега тоа го правите. Што ми е суштината? Да не правиме политизација на овие несреќи, да не се обидуваме да печалиме политички поени врз туѓата несреќа“, заклучи Петрушевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа