Влен: Таравари стана дел од играта на Ахмети за да се спаси себеси

 


ВЛЕН е таму во име на 107 илјади албански гласови, а не во име на која било партија или конкретно име. Ние ги претставуваме не само тие 107 гласачи, туку и политичката програма за борба против корупцијата што ја поддржаа тие гласачи. Затоа, ВЛЕН останува посветена на исполнување на своите ветувања и претставување на Албанците, велат од Вреди.

„Свесни сме за политичката игра на ДУИ, која  од жед за моќ и страв од правда, се стреми кон Пржинска влада, но тоа е невозможно и никогаш нема да се случи. За нас е необјасниво зошто Арбен Таравари стана дел од оваа игра на Али Ахмети за да се спаси себеси и своето семејство.

Сепак, ВЛЕН сака да ја информира јавноста дека единствените избори што ќе се одржат се локални избори, на кои ќе донесеме промени и конечно ќе го победиме криминалот, корупцијата и неспособноста на ДУИ и нејзините функционери во текот на изминатите 23 години“, стои во соопштението од Вреди.

12.05.2025 - 15:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега