Брутално убиство во Србија: Во автомобил ја избодел поранешната сопруга
Тело на жена е пронајдено утринава во автомобил во приградска населба во Крагуевац, објавија српските медиуми.
Според неофицијални информации, за убиство е осомничен Б.Р., поранешен сопруг на убиената 41-годишна жена.
Жената наводно двапати го пријавила поранешниот сопруг поради заканувачки пораки.
Имале син и ќерка, кои се седмо односно трето одделение, пишуваат српските медиуми и информираат дека мажот и нанел најмалку десет убодни рани во градите на поранешната сопруга.
„Се уште не е утврдено кој е сопственик на тоа возило“, вели извор на Блиц.
Според неофицијални информации, осомничениот маж бил пронајден недалеку од тоа возило и имал повеќе убодни рани.
„Се сомнева дека се обидел да се самоубие“, рекол изворот.
Според исто така неофицијални информации тој во тешка состојба е пренесен во болница и лекарите се борат за неговиот живот.
„Пронајден е со нож во вратот, но и покрај тоа не си нанел фатална повреда“, рекол изворот.
Наводно, на 41-годишникот изречена му е итна забрана за задржување откако неговата поранешна сопруга поднела пријава.
„Според првите и непотврдени индиции од истрагата, на убиената и било предложено да биде сместена во безбедна куќа. Таа наводно одбила бидејќи нејзиниот поранешен сопруг бил во странство“, тврди изворот.
Медиумите пишуваат и дека тој и претходно бил осудуван за кривични дела – тешка телесна повреда и насилничко однесување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа