Путин доаѓа во Србија

 

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Србија на 16 октомври по покана на српскиот колега Томислав Николиќ, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.

Шефот на руската држава ќе учествува на свечености во Белград по повод 70-годишнината од ослободувањето на градот од германскиот окупатор.

За време на средбите со Николиќ и со српскиот премиер Александар Вучиќ е предвидено да бидат разгледани клучните прашања во меѓусебната соработка на двете земји, пред се во трговско-економската сфера.

30.09.2014 - 12:33

 


Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега