Тешка сообраќајна несреќа во Марино: Повреден велосипедист

 


Вчера околу 10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„532“ и ул.„531“ во с.Марино, скопско, се случила сообраќајна несреќа  во која учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.В.(71) од с.Бунарџик, скопско и велосипед управуван од Г.А.(76) од с.Марино, скопско. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

11.07.2025 - 16:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега