Жена прегазена на паркинг во Скопје
Осумдесет и деветгодишен пешак е повреден откако вo него удрил автомобил на паркинг во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера е пријавено дека на паркинг на ул.„Анри Барбис“ во Скопје патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(66) од Скопје, удрило во пешакот Ц.В.(89) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.В., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје
11.07.2025 - 13:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа