Арсовска нападната во Чаир

 


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска околу пладне била нападната во општина Чаир, потврдиле од МВР за „Слободен печат“.

Нападот во СВР Скопје го пријавило лице со иницијали А.Ј. ОД МВР велат дека Арсовска не сакала да го пријави настанот и се упатила во „8 Септември“.

-На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул.”Кумбара” физички била нападната градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица и упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош – се вели во информацијата од МВР.

Нападот следува откако Арсовска јавно зборуваше дека има закани по живот и поднесуваше пријави против градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

 

11.07.2025 - 14:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега