Земјотрес во Валандово
Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала ноќеска е регистриран во земјава. Епицентарот на земјотресот потекнува од валандонското епицентрално подрачје, 116 километри југоисточно од Скопје.
Сеизмолошката опсерваторија утринава информираше дека земјотресот е регистриран ноќеска во 02:13 часот со Рихтерова локална магнитуда 2,2.
Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината.
06.09.2025 - 09:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа