Продолжениот викенд ги наполни границите, еве колку се чека на Богородица и Табановце

 

На граничниот премин Табановце утринава за влез и излез од земјава се чека околу 30 минути, а на граничниот премин Богородица за излез од земјава се чека од 40 минути до еден час, информира Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите гранични премини, според информациите на АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

На патиштата низ државата се забележува зголемена фреквенција на возила поради продолжениот викенд и поради летните одмори.

06.09.2025 - 09:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега