Заталкано зрно оштети „бмв“ во Гази Баба
Вчера во 16:40 часот во СВР Скопје, Н.Н.(22) од Скопје пријави дека на подрачјето на Гази Баба, од заталкано зрно од огнено оружје оштетено е ветробранско стакло од неговото патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го паркирал.
Повредени лица нема, а полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка.
Се работи на расчистување на случајот.
15.09.2025 - 14:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа