Македонија и Турција ќе потпишат протокол за соработка во областа на науката, технологијата и иновациите
Македонија и Туција ќе потпишат протокол за сорабока во областа на науката, технологијата и иновациите. Дефинирањето на содржината на документот е во финална фаза и за истиот се дискутираше на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и турскиот амбасадор Фатих Улусој, соопштија попладнево од Министерството за образование и наука.
- Двете страни изразија подготвеност процесот да биде заокружен до крајот на годината, а потишувањето на протоколот ќе ги зајакне односите помеѓу двете држави и ќе обезбеди поголема соработка помеѓу образовните и научните установи, размена на наставно - научен кадар, ученици и студенти. За време на средбата, министерката Јаневска го претстави концетот за основање на првиот технолошки парк во Скопје, а турската страна изрази подготвеност да ја поддржи реализацијата на оваа идеја преку претставници на турската бизнис - заедница во Македонија, се наведува во соопштението.
Јаневска и Улусој разговарале и за „унапредување на наставата на турски јазик во Македонија што ја следат над 8.000 ученици, преку повеќе обуки за наставникот кадар и вложување во додатни наставни помагала и опрема“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа