Пронајдени куршуми пред куќа во Делчево
Вчера во 09:06 часот во Полициската станица Делчево, М.Ѓ. пријавил дека во дворот од куќата на неговата сестра во Делчево едно лице фрлило два куршуми од огнено оружје.
Полициски службеници излегоа на местото и подигнаа два неиспукани куршуми калибар 12 мм од ловечка пушка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
14.09.2025 - 15:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа