Загрижена мајка се јавила во полиција - пријавила дека соседот ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка
Вчера околу 19.20 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека нивниот сосед Џ.С. ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка.
За настанот е известен јавен обвинител.
Полицијата соопшти дека се работи на негово расчистување, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
16.07.2025 - 14:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа