Заборавете на Лабубу, сега оваа кукла го освојува светот: И возрасните ја купуваат
Јапонската плишана играчка „Мончичи“, која беше популарна во 80-тите години, доживува ново светско враќање на пазарот. Јапонската компанија Sekiguchi, нејзиниот производител, ја дуплирала продажбата, со што приходите достигнале 31 милион долари, од кои 40% доаѓаат од странство.
Како „Мончичи“ повторно стана популарна?
За разлика од 80-тите, кога „Мончичи“ беше наменета за деца, денес главни купувачи се возрасни, особено припадниците на Генерацијата Z. Нивната колекционерска страст и трендовите на социјалните мрежи придонесоа за овој успех.
Популарноста на „Мончичи“ особено порасна пред две години, откако Лиза од К-поп групата „Блекпинк“, која претходно го промовираше и брендот „Лабубу“, објави фотографија со играчката.
Компанијата Sekiguchi ја искористила новата популарност на брендот. Тие склучиле соработки со познати брендови како „Хело Кити“ и фудбалскиот клуб „Пари Сен Жермен“.
Сега, „Мончичи“ е достапна во големи трговски синџири како „Urban Outfitters“, а нејзината цена се движи од 15 до 35 долари, односно од 10 до 35 евра во Хрватска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа