УХМР предупредува – Подгответе се за невреме со град и силен ветер

 


Топлото време и високите температури ќе се задржат и утре. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град.

Во Скопје, утре во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.

УХМР препорачува во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја

Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 5-7 степени во споредба со денешните. Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст.

26.06.2025 - 11:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега