Николова до Јаневска: Зошто не се исплаќаат патните трошоци на просветните инспектори, како да работат?

 

Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во рамките на собраниската седница за пратенички прашања побара објаснување од министерката за образование Весна Јаневска, за неисплаќањето на патните трошоци на инспекторите од ДПИ од јануари 2025 година до денес, нагласувајќи дека со тоа се оневозможува тековната работа на просветните инспектори.

Во продолжение интегрален текст на прашањето:

„Во изминатиот период во МОН се подготвувал Правилник за  надоместување на трошоците за користење на сопствено моторно возило и користење на јавен градски и меѓуградски превоз за службени цели и задачи во Државниот просветен инспекторат. Според нашите сознанија, за него, инспекторите имале забелешки кои не сте ги земале предвид. Правилникот е донесен на 11.06.2025 година, го има вашиот потпис и истиот содржи членови кои се директно спротивни на Законот за работни односи и Општиот колективен договор.

Со член 2 од Правилникот им се признава право на инспекторите да користат сопствено возило за службени цели, но со член 3 став 3 од истиот правилник го условувате остварувањето на тоа право, односно исплатата, само дооколу во буџетот има обезбедено средства. Ова е неправична и дискриминаторска одредба, која ја оневозможува работата на инспекторите, токму оние кои се клучни за контрола на законитоста во образованието.

Тоа значи дека се оневозможува и тековното функционирање на Дражваниот просветен инспекторат и остварување на неговите примарни задачи.

Ако имаме предвид дека нема доволно службени возила за потребите на ДПИ, и ако знаеме дека инспекторите реално, за да можат да си ги извршат своите работни задачи коишто се исклучително важни за правилен и уреден образовен процес, и затоа мора да користат своите возила, тогаш како сметатате дека можете да ставите член во правилникот во кој се вели дека тие трошоци ќе им се исплатат само доколку се обезбедат средства за таа намена во Буџетот на МОН? Вие сте должни да ја обезбедите. Дали е коректно да отварате нови министерства и да го зголемувате бројот на вработените советници во министерските кабинети, бројот на вработени по институциите, коишто се партиски војници, а на инспекторите коишто вршат увид во работата на училиштата и образовниот процес да  им оневозможувате нормален работен процес.

Ве прашувам: Дали ова се должи  на неисплаќањето на патните трошоци на инспекторите од ДПИ од јануари 2025 година до денес? Дали затоа го вметнувате овој член, односно овој став во новиот Правилник? Еве не ве прашувам и за неисплатените трошоци за ноември и декември 2024 година, а има примери на инспектори, на кои што не им е исплатено она што им следува за користење на сопствено возило и од август 2024 година. Еве го опфаќам само периодот од кога ДПИ е орган во состав на министерството.“

26.06.2025 - 17:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега