Скопје: 83-годишна баба остана без 30.000 евра

 

На 25.06.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје 83-годишна жена пријави дека од страна на едно лице била измамена за 30.000 евра.

Имено, лицето и се јавило телефонски и се претставил како лекар, по што и рекол дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа и дека требало да ја оперира, но пријавителката требало да плати.

Откако се договориле, таа ги дала парите на лице на возраст од околу 60 години, а подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
26.06.2025 - 17:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега