Трамп се закани со санкции кон Русија: Губам трпение со Путин
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговото трпение со рускиот претседател Владимир Путин „истекува“ и најави нови остри економски мерки против Москва поради застојот во мировните преговори со Украина.
– Некако ми снемува трпение, и тоа со забрзано темпо. Ќе има тешки удари преку санкции кон банките, нафтениот сектор и преку царини, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“.
Тој наведе дека неговата администрација веќе презела одредени чекори, вклучително и воведување царини кон Индија поради тоа што купува руска енергија, но додаде дека очекува поголем ангажман од европските земји, бидејќи, како што истакна, „ова повеќе е проблем на Европа отколку на САД“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа