Ѓорѓиевски: Пријателството со САД е мост кон сигурна и просперитетна иднина за Македонија
Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, вечерва присуствуваше на свеченото одбележување на 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Настанот се одржа на покана на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и амбасадорката на САД во Македонија, Ангела П. Агелер.
„Три децении пријателство и доверба. Од 1995 година, кога ги формализиравме билатералните односи, заедно покажавме дека со доверба, решителност и соработка можат да се постигнат слобода, безбедност и просперитет,“ изјави Ѓорѓиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа