Спасени две лица од чамец во Преспанското Езеро
Вчера во 14:33 часот од страна на Центарот за управување со кризи Битола во ОВР Ресен било пријавено дека во Преспанско езеро помеѓу с. Стење и с. Коњско, ресенско имало лице со чамец кое барало помош.
Од страна на полициски службеници од полициската станица Стење безбедно се извадени две машки лица Ф.И.(27) и С.С.(75) двајцата од Битола и истите се во добра здравствена состојба.
31.08.2025 - 11:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа