Филипче: Не ги лажете граѓаните дека се распродадени националните интереси
Опозицискиот лидер Венко Филипче, утрово одговарајќи на новинарско прашање, побара од новинарот да „не ја лаже јавноста дека се распродадени националните интереси.
„Не се распродадени никако македонските национални интереси. Тоа е само една лажна кампања и сметам дека не треба да ја продолжувате. Не треба да ги лажете граѓаните, поради тоа што тоа е сериозна работа со која што ги загрозувате националните интереси на државата.“ – рече Филипче.
Неговиот одговор доаѓа откако новинарот го праша дали е предоцна СДСМ да нуди резолуција за македонските црвени линии и заштита на националните интереси откако претходно тие биле распродадени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа