Нема да има гласачки ливчиња од 7-8 метри - слаб интерес за локалните избори

 

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври.

Според Државната изборна комисија (ДИК), потписи за кандидати за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, а за советнички листи во 11 општини за 12 листи.

Најголем интерес имаше во Демир Хисар, каде потписи собираа четворица кандидати за градоначалник. Во Скопје, Куманово, Охрид, Струга, Битола и уште неколку општини се појавија по еден или двајца кандидати.

Иако имаше најави дека гласачките ливчиња би можеле да бидат долги и по седум метри, поради голем број независни кандидатури, ако не се случи некое чудо до полноќ, веројатно и ливчињата нема да биде поразлични од оние кои што ги имавме во претходните изборни процеси. Бројот на кандидати не е толку голем, па гласачките ливчиња се поизвесно е дека ќе бидат во стандардна форма.

 

Рокот за поднесување на конечните листи за градоначалници и советници е до 13 септември. До 11 септември граѓаните може да извршат увид во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на ДИК, а во тек е и пријавувањето за набљудување на изборите.

01.09.2025 - 10:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега