Скопјанец починал во „Градска“, бил однесен претепан
Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека во 18:00 часот кај нив на интензивна нега починал пациентот Џ.Б.(61) од Скопје. Според пријавеното, лицето претходно е донесено кај нив со повреди најверојатно од физички напад, информираа од полицијата.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
13.09.2025 - 15:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа