Апсење на Табановце: Тинејџер пробал да шверца над 900 електронски цигари исполнети со непозната материја

Вчера во 14:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.А.Р.(19) од Кралството Холандија.
При гранични проверки и контрола на патничко возило „опел“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се 37 ќеси со вкупно 971 електронски цигари исполнети со непозната материја.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
13.09.2025 - 13:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа