Проверете што се е потребно за да се движите во шумите за време на забраната

 


Поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари, Јавната установа Национален парк „Шар Планина“ по препорака на Владата воведува забрана за непријавено движење во шумите на територијата со која управува установата. Посетителите имаат можност да се движат во НП „Шар Планина“ само со потврда која повратно ќе ја добијат при пополнување на електронската пријава.  Единствен исклучок од оваа забрана се лицата кои живеат или имаат имоти на Шар Планина. 

-Начинот на пријавување на посета во НП „Шар Планина“ е преку пополнување на евидентен лист за посетители во електронска форма на веб страната на Јавна установа Национален парк „Шар Планина“ или на Евидентен лист за посетители на територијата на Национален парк „Шар Планина“ https://www.sarmountain.org.mk/mk/evidenten-list-posetiteli, се вели во соопштението на Националниот парк. 

При посетата на НП „Шар Планина“, потсетуваат и на обврската за наплата на влез на моторни возила. Тоа може да се направи на интернет страницата https://services.sarmountain.org.mk/ или со СМС порака со категорија на возилото и број на регистрација на 144 – 555. Пример за СМС порака: A TE5678ET (за автомобил) Сопствениците на приватни имоти и правните лица регистрирани на територијата на паркот, се ослободени од надоместок за движење во своите зони.

-За да се избегнат несакани последици од предизвикување пожар Ве замолуваме за поголемо внимание. На територија на Национален парк „Шар Планина“ е забрането палење оган. Доколку забележите пожар или друг случај на загрозување на природата ве молиме истото веднаш да го пријавите на 112, апелираат од НП „Шар Планина“. 

За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, ќе бидат изречени парични казни согласно член 106 од Законот за шумите. 

01.07.2025 - 09:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега