19-годишно момче заврши зад решетки: Палел кабли и предизвикал пожар
Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли со што предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на ул.„Маршал Тито” во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, како што посочуваат од МВР, пожарот бил изгаснат, а С.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
15.08.2025 - 21:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа