(ВИДЕО) Пожарот кај Јажинце повторно се активираше: На терен и министерот Тошковски
Пожарот кај Јажинце повторно е надвор од контрола. Предмалку ситуацијата значително се влошила и пожарот повторно е активиран, откако претходно денеска околу 19 часот беше ставен под контрола.
На терен го гаснат противпожарните екипи од Тетово, информираше директорот на ЦУК, Мухамед Аљи за Пресс24.
На терен додека се крои план за гаснење е и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
15.08.2025 - 22:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа