Премиерот Мицкоски утре во посета на Општина Брвеница
Утре 04.09.2025 година (четврток), во 12:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Брвеница, при што ќе присуствува на пуштање во употреба на улицата „Коста Рацин“, во село Брвеница.
Проектот е финансиран од Владата на Република Северна Македонија, во вредност од 9.211.939 денари.
Потоа, претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на улицата од потегот Алумина до Домот во село Милетино, каде што ќе даде изјава за медиуми.
Проектот опфаќа целосно асфалтирање на улицата, од кој дел е финансиран од Владата во вредност од 5.425.315 денари, а другиот дел е финансиран од буџетот на Општина Брвеница. во вредност од 11.000.000 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа