Пожар во тетовската касарна – повредени двајца армиски припадници

 

Попладнево во тетовската касарна избил пожар во кој двајца припадници на Армијата се повредени, велат од Територијалната противпожарна единица Тетово.

-Интервенирано е со седум пожарникари, со два камиони и едно теренско возило за специјални интервенции, по што пожарот е локализиран за половина час. Двајцата повредени се обиделе да интервенираат, по што се однесени во Тетовската болница, информира Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

18.06.2025 - 18:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега