Прегазена млада жена на патот Кичево - Македонски Брод
Вчера во 21.20 часот на регионалниот пат Кичево - Македонски Брод, кај влез за селото Лисичани, општина Пласница, патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(23) од селото Челопеци, кичевско, удрило во пешак - 30-годишната А.В. од Лисичани.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.В., констатирани во Медицински центар Кичево.
Увид изврши, увидна екипа од ОВР Кичево.
04.08.2025 - 12:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа